Меморандум за разбирање потпишаа денеска Медиумската информативна агенција (МИА) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, чија главна цел е зајакнување на независното новинарство, првично со покренување на процесот за изработка на посебен закон за МИА, со кој ќе се уреди позиционирањето на медиумот во медиумскиот простор на Северна Македонија.
Денеска беа доделени сертифкатите на 25 модератори за Форуми во заедницата во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“
Правилникот е дел од новиот модел на проценка преку кој се овозможува унифициран пристап до услугите за децата и младите со попреченост
Надградбата на регистарот за оружје овозможува следење на оружјето од влегувањето во државата на граничните премини, па сè до крајниот купувач. Од друга страна, новиот Полициски информациски систем претставува модерна алатка за електронско евидентирање, следење и анализи на инцидентите поврзани со оружје
28 јуни 2022, Скопје – Со 188 милиони евра од Европската банка за обнова и развој ќе се поддржи изградбата на три многу важни инфраструктурни проекти во земјава – автопатот Скопје – Блаце и фотонапонските електрани ФЕ Осломеј 2 и ФЕ Битола. Собранието вчера даде зелено светло за двата закона за државна гаранција што беа изготвени од Министерството за финансии. Средствата ќе станат достапни по потпишувањето на договорите од страна на ЕБОР, ЈП за државни патишта, Електрани на Северна Македонија и Министерството за финансии.
Настан: Употреба на системски пристап за проценка на врската помеѓу загадувањето на воздухот и човечката мобилност
Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со амбасадорот на Р. Италија, Андреа Силвестри и Артур Ајвазов од канцеларијата на УНИЦЕФ, синоќа присуствуваа на примопредавањето на првиот дел од директната помош од Р. Италија која се состои од 250 илјади дози на вакцината против Ковид 19 од производителот Фајзер.
Поддршка на Министерството за правда на Северна Македонија во процесот на доделување грантови за бесплатна правна помош на граѓански организации и на правни клиники
Бугарскиот премиер Петков рече дека дијабетесот е многу блиска тема до неговото срце, бидејќи неговата втора ќерка има дијабетес тип 1 и разликата меѓу еден квалитетен живот без проблеми и проблеми со оваа болест е што шеќерот во крвта се следи на правилен начин.
Компанијата „Алфи би“ ја поддржа реализацијата на сензорната соба, активност на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ која е финансиран од Европската Унија, а има за цел да ги подобри можностите за образование на децата со попреченост.
Во донацијата со опрема за лична заштита, во вредност од 340.000 долари, има над 260.000 хируршки маски за една употреба и околу 209.000 висококвалитетни калјачи
Основците и средношколците преку испитувањa, набљудувања и мерења ќе учат за животната средина
Достоинствената работа е основно право на секој работник, а квалитетот на правото не смее да е избор на работодавачот туку негова обврска. Почитувањато на правата на работниците во земјата, долго време е оптоварено со тенденцијата да се работи во неформалната, нерегулирана економија.
Со поддршка на проектот, започна изработката на интегрирана платформа за Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА) која треба да понуди дигитална поддршка во процесот на пристапување во Европската Унија. Работата на развој на НПАА платформа е доделен на компанијата за развој на софтверски решенија Некстсенс. Развојот на платформата, која е составена од шест модули, започна во септември 2021, а се очекува да заврши до септември 2022.
УНИЦЕФ, Британската амбасада во Скопје и Светот на Биби започнаа со партнерство за да се прошири учењето на социјалниот и емотивниот развој преку игра
Собранието усвои пет закони од областа на управување со отпад, чијашто подготовка беше поддржана од експерти на УНОПС, како дел од програмата за јакнење на капацитетите на Министерството за животна средина и просторно планирање во секторите кои работат во областа на животната средина и климатски промени.
Македонска берза воведува нов кодекс на корпоративно управување
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања и од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, на кој се разговараше за планираните активности во дигитализацијата на образованието и развојот на дигиталните вештини, преку проект поддржан од Естонскиот центар за источно партнерство (ЕЦИП) и финансиран од Естонија и САД.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, ја повтори својата целосна поддршка за формално започнување на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, што е можно порано.
Започна изградбата на новата станица за електрична енергија во Охрид, која е клучна компонента од првиот далновод интерконектор на електрична енергија помеѓу Албанија и Северна Македонија, кој ќе се протега од Битола, Северна Македонија до границата со Албанија.
Поттик за развој на малите земјоделци и нивен придонес во сигурност на храната
Поттик за развој на малите земјоделци и нивен придонес во сигурност на храната
Општините Битола, Гевгелија, Гостивар, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Охрид и Велес се избрани да учествуваат во втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ за локална демократија на Западен Балкан (ReLOaD2) во Северна Македонија.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува нови €5 милиони финансиски пакет за Шпаркасе банка Македонија АД Скопје преку Финансиската програма за зелена економија за Западен Балкан (WB GEFF II) за кредитирање на домаќинствата во Северна Македонија кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност.
Со проектот за подобрување на социјалните услуги, 300 негуватели ќе пружаат нега на 900 стари лица над 65 години во нивните домови.
Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија денес го одбележа почетокот на новата Програма за соработка 2021-2024 година преку панел дискусија со клучните партнери од владиниот, приватниот и граѓанскиот сектор на тема: кои се заедничките приоритети и кои се предизвиците за развој на државата. Преку новата програма Швајцарија потврдува дека ќе продолжи со поддршката на планот за развој на Северна Македонија. Вредноста на оваа четиригодишна програма изнесува околу 65 милиони швајцарски франци.