ЕБОР ја поддржуваат дигитализација кај македонските МСП преку нов производ

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри ЕУР 4 милиони кредитна линија на Шпаркасе Банка АД Скопје, за натамошно позајмување на македонските малите и средни претпријатија (МСП), за инвестиции во дигитална и автоматска технологија.
Ова е прв кредит од ЕБОР Програмата за дигитализација на Западен Балкан во земјата, преку кој се поддржуваат стимулативни плаќања и техничка помош финансирана од Европската Унија, чија Програма за гаранции за Западен Балкан ги поддржува МСП, преку обезбедување на поголемо финансирање достапно преку комбинација на грантови и кредити.
Програмата за дигитализација на Западен Балкан се стреми кон привлекување на иновација, конкурентност и одржлив развиј во приватниот сектор. Истата вклучува мерки на зајакување во насока на користење нови технологии кои може да овозможат автоматизација и дигитализација, обезбедувајќи услови МСП да останат конкурентни во сė поширокиот дигитален пејсаж, и насочувајќи ги инвестициите кон технологија која ја поддржува Транзицијата кон зелената економија. Оваа иницијатива промовира и инклузивен економски раст, преку обезбедување услови, МСП управувани од жени, да имаат еднаков пристап до финансирање.
Обезбедувањето на финансирање за ваков развој ќе им помогне на бизнисите во регионот подобро да се усогласат со ЕУ стандардите, да го прошират нивниот трговски потенцијал, да го зголемат капацитетот, да се натпреваруваат на глобалната сцена, и да ја поттикнат нивната отпорност и разновидност.
Договорот беше потпишан од господин Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија и господин Санел Кустурица, Претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка и госпоѓа Златица Цивкароски, Член на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка.
Туркменоглу изјави: “Поддршката на МСП во нивната дигитална и зелена транзиција е круцијална за градење на силен приватен сектор. Преку промовирање на иновација и одржливост, обезбедуваме услови бизнисите да добијат пристап до финансирањето и можности за раст. Оваа иницијатива, ги охрабрува МСП да ја поттикнат автоматизацијата и дигитализацијата, да ја зајакнат нивната конкурентност на локалните и глобалните пазари, како и инклузивноста во ланците на глобални вредности.”
Кустурица додаде: “Посветени сме во поддршка на иновациите и одржливиот раст, а оваа соработка ја зајакнува нашата посветеност во обезбедувањето финансиски решенија кои им овозможуваат на малите и средни бизниси да напредуваат. Горди сме што соработуваме со ЕБОР во оваа иновативна иницијатива, која има за цел да ја поттикне дигиталната и зелена трансформација на малите и средни претпријатија во земјата. Со олеснување на пристапот до напредни технологии и промоција на одржливоста, не само што им помагаме на бизнисите да ја подобрат својата ефикасност и продуктивност, туку и придонесуваме за поодржлива и посилна економија.“
ЕБОР има инвестирано повеќе од ЕУР 2.9 милијарди во 198 проекти во Северна Македонија, од почетокот на работењето во земјата.