15.08.2024.

Германија донира комуникациска опрема на пожарникарите волонтери во Кочани

More EU news is available on the wire services of the respective news agency.

Договорот за донацијата го потпишаа германската амбасадорка во Северна Македонија, Петра Дрекслер и претседателот на ДПД – Кочани, Златко Илијев, при што беше нагласено дека се работи за проект што се реализира како продолжение на досегашната успешна соработка.

Дигитална радио станица и репетирот со голем досег ќе добијат членовите на Доброволното противпожарно друштво (ДПД) од Кочани како донација од Амбасадата на Германија во Скопје.

Договорот за донацијата го потпишаа германската амбасадорка во Северна Македонија, Петра Дрекслер и претседателот на ДПД – Кочани, Златко Илијев, при што беше нагласено дека се работи за проект што се реализира како продолжение на досегашната успешна соработка.

– Донацијата е од буџетот на германското Министерство за надворешни работи преку Фондот за мали проекти, а уредите што ќе ги добиеме значително ќе ни ја олеснат комуникацијата и координацијата при дејствување на терен. Се работи за врвна опрема од производителот „Моторола“ што ќе биде поставена на локација од каде со сигнал може да се покрие површина од над илјада квадратни километри, односно целата територија на Кочанската Котлина, истакна Илијев.

Новата опрема за комуникација ќе биде со десетпати поголема моќност од досегашната, а инсталирањето и пуштањето во употреба треба да заврши идната недела.

Минатата година Амбасадата на Германија обезбеди лична заштитна опрема за кочанските пожарникари волонтери, како и потопни пумпи, млазници, дишни дрегер апарати, радио станици, моторни пили и контејнери за отпад