ЕБОР со заем од 26,4 милиони евра помага во енергетската транзиција на Македонија
Co заем од Европската банка за обнова и развој, Македонија ќе инвестира во електропреносна мрежа на југоистокот на земјата. ЕБОР му позајми 26,4 милиони евра на АД МЕПСО за изградба на трафостаница во гевгелискиот регион и обнова на 110 киловолтен далновод, што ќе овозможи приклучување на нови 1.170 мегавати од обновливи извори кои во моментов стојат неприклучени.
Со овој заем, Македонија се приклучува кон земјите кои инвестираат за да овозможат што поголема енергетска транзиција.
Вкупната вредност на овој проект е 34,7 милиони евра од кои 26,4 милиони се обезбедуваат со заем од ЕБОР. 7,6 милиони евра се обезбедени од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан на Европската Унија и половина милион евра од Климатскиот фонд. Претседателката на ЕБОР Одил Рене Басо се наоѓа во неколкудневна работна посета на Македонија, при што ќе потпише неколку договори, меѓу кои и со банкарскиот сектор. Досега банката има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти во државата.