22.10.2026.

Студентскиот дом „Стив Наумов“ реновиран по европски стандарди

Од целосно руиниран, до студентски дом по сите европски стандарди. По 62 години од изградбата, пуштени во употреба реновираните згради и мензата на „Стив Наумов“. Со почетокот на новата академска година студентите ќе живеат и учат во нови услови, а наскоро и бруцошите за кои сè уште е активен конкурсот.

Во план е реконструкција на девет студентски и шест ученички домови. Парите за нивната обнова се обезбедени од Министерството за образование, а дел од Германската развојна банка и грантови на ЕУ. Евроамбасадорот Рокас смета оти оваа инвестиција е инвестиција во младите и во заедничката иднина.

Реновирањето траеше повеќе од две години, а вкупната вредност на програмата изнесува 86 милиони евра.