09.11.2021.

Со поддршка на проектот, пет закони од областа на животната средина усогласени со ЕУ законодавството

Собранието усвои пет закони од областа на управување со отпад, чијашто подготовка беше поддржана од експерти на УНОПС, како дел од програмата за јакнење на капацитетите на Министерството за животна средина и просторно планирање во секторите кои работат во областа на животната средина и климатски промени.

Покрај придобивките кои овие закони (Закон за управување со пакување и отпад од пакување, Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, Закон за управување со дополнителни текови на отпад, Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори) ќе ги овозможат за животната средина, тие, исто така, овозможуваат дополнителна хармонизација на националното законодавство со законодавството на ЕУ, бидејќи соодветното ЕУ законодавсто се транспонира во законите. Потребата од оваа активност беше дел од препораките и приоритетите зададени за Поглавјето 27 во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата во 2020, додека усвојувањето на овие закони во областа на управување со отпад беше препознаено во извештајот за напредокот во 2021. 

Оваа активност беше овозможена во рамките на поддршката која проектот ја обезбедува на владината реформска агенда во процесот на пристапување и активноста за насочена програма за јакнење на капацитетите поврзана со одредени поглавја на ЕУ закондоваството за скрининг процесот. Во процесот на изготвување на овие закони, три експерти на УНОПС работеа заедно со претставниците на Министерствто за животна средина и просторно планирање во областа на животната средина и климатски промени - управување со отпад.