13.09.2023.

За подобра правда: Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ја поддржи Академијата за судии и јавни обвинители

 Со цел да се подобри квалитетот на правдата, Мисијата на ОБСЕ во Скопје потпиша Меморандум за разбирање со Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО).

Мисијата ќе обезбеди напредна обука за судии и обвинители со посебен фокус на зајакнување на борбата против организираниот криминал, корупцијата и дискриминацијата.

„Нашата обука е насочена кон поквалитетни обвиненија, како и кон зголемување на конфискацијата на имотот стекнат преку криминални активности“, рече Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. „И двете аспекти се многу важни за ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата бидејќи тоа значи дека криминалците ќе добијат повисоки казни и нема да можат да уживаат во незаконски стекнатото богатство“.

Меморандумот за разбирање е со времетраење од три години. Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе го следи спроведувањето на курсевите за обука преку нејзината програма за мониторинг на судски процеси.

„Ние сме благодарни за поддршката што ја добиваме од Мисијата на ОБСЕ во Скопје“, рече Наташа Габер-Дамјановска, директорка на Академијата. „Преку нашите заеднички напори, ќе инвестираме во квалитетот на тековните и идните правни професионалци, што ќе го подобри правосудниот систем“, додаде таа.