16.08.2021.

Словенечките пожарникари веќе се во Берово

Словенечките пожарникари пристигнаа во Македонија, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, истакнувајќи дека тие веќе се во Берово од каде ќе бидат распоредени за да помогнат во гаснењето на пожарите во регионот.

Словенија испраќа 16 противпожарни возила и 46 пожарникари да помогнат во гаснењето на пожарите низ Македонија, реализирајќи го ветувањето за помош по вчерашниот разговор помеѓу Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин.