19.10.2023.

Прв кредит од Програмата за зелено финансирање во Северна Македонија

Шпаркасе Банка во Скопје стана првиот партнер финансиска институција во Северна Македонија, која ќе учествува во иновативната Програма за зелено финансирање (Green Finance Facility -GFF).

Програма за зелено финансирање е пилот соработка помеѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Обединетите Нации и Владата на Северна Македонија.

Придонесот на ЕБОР се состои од кредитни линии до ЕУР 30 милиони за локалните банки и лизинг компаниите учеснички во Програмата. Кредитните линии се надополнети со грант компонента во вредност од УСД 4,5 милиони, каде УСД 3 милиони се обезбедени од SDG Fund и Владата, за поддршка на крајните корисници, дополнителни УСД 1,5 милиони за техничка соработка обезбедени од SDG Fund.

Комбинираните средства ќе бидат доделени на локалните мали и средни претпријатија (МСП) по успешно завршените инвестиции. Тие ќе имаат право да добијат 10 отсто грант за инвестиции во обновливи извори на енергија или комбинирани проекти кои содржат елементи на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, или 5 отсто грант за проекти кои вклучуваат технологии кои се само енергетски ефикасни. Благодарение на елементот за техничка соработка, Програма за зелено финансирање, ќе му помогне на банкарскиот сектор да го зголеми капацитетот за финансирање на проекти од зелената економија.

Како дел од додадена родова вредност, банките учеснички во Програмата ќе се ангажираат и во активности , водени од ЕБОР, заедно со Народната Банка на Северна Македонија, во промовирање на финансиската инклузија на жени во финансискиот сектор.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано околу ЕУР 2,7 милијарди, во скоро 180 проекти.

Програма за зелено финансирање е Заедничка програма на Обединетите Нации, финансирана од Заедничкиот фонд за одржливи развојни цели (SDG Fund), Владата на Северна Македонија, ЕБОР и локалните партнерски финансиски институции, имплементирана заедно со Развојната Програма на Обединетите Нации (UNDP), Меѓународната организација за миграции (IOM), Економската комисија на Европа на Обединетите Нации (UNECE), ЕБОР и Владата на Северна Македонија, со поддршка на Локалниот координатор на Обединетите Нации во Северна Македонија.

Оваа заедничка програма  има за цел да овозможи пристап до достапно зелено финансирање за МСП, и  одредени групи на поедници/домаќинства кои се послабо опфатени со тековните пазарни активности за инвестиции во обновливи извори на енергија и решенија за енергетска ефикасност, кои ќе придонесат за намалување на емисиите на стакленички гасови и загадување на воздухот во земјата.

ЕБОР е мултилатерална банка која го промовира развојот на приватниот сектор и предприемачката иницијатива во 38 држави на три континенти. Банката е во сопственост на 71 земји, ЕУ и ЕИБ. Инвестициите на ЕБОР се насочени кон поттикнување на економиите во регионот кон поголема конкурентност, инклузивност, добро управување, еколошка одржливост, отпорност и интегрираност. Следете нè на веб странатаФејсбукЛинкдИнИнстаграмX и ЈуТјуб.