11.08.2023.

Правици и правнички од Северна Македонија продолжуваат да го зголемуваат своето знаење за антидискриминација преку HELP курсот

Пристапот до правда за жртви на дискриминација и успешното процесирање на случаи на антидискриминација се многу важни за да се осигура правилна заштита на човековите права особено во поглед на ранливите групи. HELP курсот за антидискриминација е достапен на платформата на HELP и претставува важна алатка достапна на професионалците од областа на правото, особено оние чиј фокус е токму оваа тема, во процесот на зацврстување и усогласување на релевантните европски стандарди во поглед на борбата против дискриминацијата. Во овој конктекст, дополнителни 48 адвокат(к)и, правници и правнички од Северна Македонија неодамна го завршија курсот, а со тоа бројката на претставници кои успешно го завршија курсот се зголеми на 120, откако беше промовиран за првпат на македонски јазик во 2021 година, со поддршка на ЕУ и Советот на Европа.

HELP курсот за антидискриминација е заедничка иницијатива на проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, како дел од заедничката програма на ЕУ  и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III”, и „Европската програма за образование за човекови права за правници“ (HELP).

Модулите поврзани со дискриминација врз Ромите и припадниците на ЛГБТИ заедницата беа развиени со помош на Одделението за сексуална ориентација и родов идентитет (SOGI) и Специјалниот претставник на Генералната секретарка за прашања поврзани со Ромите. 

Целта на курсот е да овозможи детална, а сепак лесно достапна, образовна алатка за домашните судии, обвинители и адвокати подобро да го разберат релевантно право на ЕСЧП.