29.08.2023.

ЕБОР ја поддржува државната компанија Електрани на Северна Македонија

ЕБРД ја поддржува енергетската стабилност на Северна Македонија со кредит од ЕУР 100 милиони одобрен на државната компанија за енергија ЈСЦ Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Кредитот за итна ликвидност на ЕБОР ќе му помогне на ЕСМ да ја одржи финансиската стабилност и да продолжи да ги обезбедува основните услуги. Средствата од кредитот ќе се користат и за финансирање на увозот на електрична енергија на ЕСМ и работниот капитал.

Северна Македонија е значително зависна од увоз на енергија што претставуваше предизвик заради неконтролиран раст на цените на енергија, кои дополнително влијаеа на порастот на стапката на инфлација. Како последица на овие текови, ЕСМ се соочуваше со голем јаз во ликвидноста на работењето на компанијата. Кредитот на ЕБОР ќе помогне во справување со потребите на ликвидноста на ЕСМ, намалување на потребата од дополнителната поддршка од Владата, и ќе овозможи подобрување на финансиската стабилност за реализација на планот за капитални инвестиции.

 

Проектот доаѓа во критично време за македонската енергетска транзиција. Северна Македонија е посветена на намалување на нето зелените стакленички гасови за 82 отсто до 2030 година, првенствено преку затварање на енергетските капацитети кои работат на јаглен и активностите поврзани со јаглен. ЕСМ, која обезбедува приближно 90 отсто од производството на електрична енергија во земјата, и е клучен фактор во оваа транзиција. Како дел од инвестицијата, ЕСМ ќе имплементира обемна стратегија на декарбонизација, согласно Македонскиот план за национална енергија и клима, кој вклучува јасни обврски за декарбонизација.

ЕСМ ќе воспостави известување поврзано со климатските промени, инвестиции во нови капацитети на обновлива енергија и ќе поддржи на развој на 1.500 мега вати обновлива енергија од приватни инвеститори до 2030 година. За да се овозможат наведените и идните активности во обновлива енергија, ЕСМ и македонската влада се посветија и имплементираа широк спектар реформи на пазарот на енергија, како што се посилна регулаторна рамка, преку унапреден закон за енергија, интегрирање на пазарите и реформа на тарифната методологија.

,,Владата на Северна Македонија, заедно со ЕСМ, го трасираат патот за другите земји во Западен Балкан, за успешна декарбонизација и модернизација на енергетскиот систем. Ние сме импресионирани од вашите климатски амбиции и очекуваме да работиме заедно на имплементација и искористување на 85-те милиони американски долари, кои се дадени на располагање на Северна Македонија од Климатскиот инвестициски фонд”, изјави Шарлот Рухе, Директорка за Централана и Југо-Источна Европа, ЕБОР.

ЕСМ е компанија за енергија во целосна сопственост на Владата на Република Северна Македонија, со 4.600 вработени. Компанијата снабдува најголем дел од домашното производство со електрична енергија, со инсталиран капацитет од цирка 1,5 гига вати. ЕСМ управува со две термални електрични централи, осум хидро централи, два комбинирани капацитети за греење и енергија и првата ветерна централа.

До денес, ЕБОР има инвестирано во Северна Македонија над ЕУР 2,5 милијарди, во 175 проекти.

ЕБОР е мултилатерална банка која го промовира развојот на приватниот сектор и предприемачката иницијатива во 38 држави на три континенти. Банката е во сопственост на 71 земји, ЕУ и ЕИБ. Инвестициите на ЕБОР се насочени кон поттикнување на економиите во регионот кон поголема конкурентност, инклузивност, добро управување, еколошка одржливост, отпорност и интегрираност. Следете нè на веб странатаФејсбукЛинкдИнИнстаграмТвитер и ЈуТјуб.