08.07.2024.

АПМ И УНДП КРЕИРАА ЗАЕДНИЧКА ПЛАТФОРМА ЗА ПОГОЛЕМА ПРОМОЦИЈА И КОРИСТЕЊЕ НА МЕДИЈАЦИЈАТА

Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) при Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) заеднички креираа Платформа за промоција и афирмација на медијацијата како алтернативен начин зa решавање на споровите.

Регионалниот рамномерен развој е предуслов за создавање на поголем економски раст на државата. Па оттука и вклучувањето на УНДП, односно заедништвото на АПМ и УНДП во делот на поголема промоција на медијацијата ќе биде насочено пред се на локално ниво. Односно, платформата има задача да покаже дека преку користењето на медијацијата од страна на локалните заедници  може да се постигне  олеснување при решавање на одредени спорови помеѓу сите засегнати страни. Преку оваа платформа ќе се пренесат едноставните информации кои сите претставници од локалната самоуправа на територијата на нашата земја е потребно да ги имаат со цел понатака што повеќе да се промовира и користи медијацијата кај правните и физичките лица.

За таа цел, ги повикуваме сите заинтересирано општини, да го пријават својот интерес за учество во заедничата платформанајдоцна до 15 јули 2024 година кај Катерина Тасевска, проектен асистент, на  е-маил katerina.tasevska@undp.orgили на телефон 078/642-246.

АПМ И УНДП, почнувајќи од месец септември 2024 година, во секоја од пријавените општини ќе организираат настани на кои експерти на полето на медијацијата ќе ги информираат градоначалниците, претставниците од правен и финансиски сектор на општините кои се заинтересирани за учество во овие активности, менаџерите на компании, раководителите на сектори - правен, финансиски, човекови ресурси и сите заинтересирани правни и физички лица, кои имаат интерес за запознавање и учество во медијацијата. На овие информативни средби поканети ќе бидат и фирмите и физичките лица кои можат да бидат учесници во една постапка за медијација.

Со нашите заеднички акривности целта ни е да го постигнеме следното:

·       Решавање на споровите пoмеѓу стопанските партнери и локалната заедница,

·       Одржување на добри деловни партнерски односи,

·       Остварување на зголемена предвидливост на настаните во иднина,

·       Рационализација на трошоците во однос на надминување на постојните спорови,

·       Избегнување на долги судски постапки, растеретување на правосудниот систем,

·       Најголема цел е подигнување на капацитетот на општините, регионален рамномерен развој, ослободување на ликвидни средства, примена на ЕУ препораките, создавање поголем економски раст,

·       Постапката на медијација има сила на извршна исправа доколку постигнатата Спогодба во во самиот процес се солемизира на нотар.