24.09.2021.

Нова опрема за лабораторијата на Институтот за хемија за мониторинг на чистењето на линданот во ОХИС

Лабораторијата за хроматографски анализи на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, ја става во функција новата аналитичка опрема која ќе се користи за независен мониторинг и контрола на ефектите на чистењето на линданот во ОХИС на животната средина. Опремата во вредност од 94,000 американски долари е донирана од Кралството Норвешка во рамките на проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ кој го спроведува Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите нации - УНОПС.