Центарот за странски јазици добива нова компјутерска опрема со поддршка од Обединетото Кралство

Денеска во Центарот за странски јазици на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје беше примена донација од Обединетото Кралство наменета за овој Центар, со што ќе се подобрат условите и капацитетите за изучување на странски јазици во Армијата.
Донацијата која одбранбеното аташе полковникот Метју Вокер му ја предаде на државниот секретар во Министерството, Драган Николиќ, се состои од лап-топ компјутери, проектори и ласерски принтери.
На церемонијата за примопредавање, државниот секретар Николиќ изрази благодарност за постојаната британска поддршка за Министерството и Армијата и порача дека оваа информатичка опремата ќе овозможи унапредување на процесот на јазична обука на персоналот во министерството и Армијата.
Потполковникот Вокер истакна дека Обединетото Кралство остануваат посветени на соработката и поддршката на развојот на одбраната и Армијата на Република Северна Македонија.