07.01.2022.

Евроамбасадорот Гир го посети Кичево и го пушти во употреба новиот томограф во кичевската болница

Евроамбасадорот Дејвид Гир присуствуваше на свеченото предавање во употреба на новиот компјутеризиран томограф во кичевската Општа болница, финансиски подржан од Европската Унија, а во текот на денот ја посети и општина Кичево и оствари средба со градоначалникот, Фатмир Дехари.

На средбата стана збор за проекти реализирани со средства на ЕУ во градот Кичево, кои се од витален интерес за неговите граѓани – напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Фатмир Дехари

Тој изрази голема благодарност за досегашната поддршка.

Шефот на делегацијата на ЕУ, наведе дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, со реализација и на други крупни проекти во општината.

Најголем проект кој финансиски го поддржа Канцеларијата на Европската унија во земјава, беше пречистителната станица за отпадни фекални води, која е пуштена во употреба 2018 година и која наскоро се очекува да биде заокружена со уште еден колекторски систем за преземање на фекалните води од северната регија од општината.