28.10.2021.

ЕБОР го поддржува корпоративното управување во Северна Македонија

Македонска берза воведува нов кодекс на корпоративно управување

Со воведувањето на новиот корпоративен кодекс на управување, објавен денес, Македонската берза превзема уште еден значаен чекор кон прифаќање на Европските стандарди за локалните пазари на капитал.

Македонската берза (МБ) и Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија, го креираше кодексот со поддршка на тимот за Правна транзиција на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Техничката соработка за овој проект е финансирана од Луксембург.

Кодексот е релевантен за компаниите чии акции се котираат на званичниот пазар на Македонската берза, и кои ги задоволуваат критериумите дадени во правилата за оваа потреба. Овие компании ќе треба годишно да достават извештај, наведувајќи дали ги следеле праксите на кодексот. Како и останатите Европски земји со пазари на капитал, со слична големина и структура, новиот кодекс на Северна Македонија  применува пристап на ,,усогласи или објасни”.

Овој пристап им овозможува на компаниите да применуваат одредени стандарди, како на пример оние кои не може да се применат заради големината или структурата на компанијата, и истите треба да им објаснат на акционерите и пазарот зошто стандардот е имплементиран. Сите останати котирани компании кои не ги задоволуваат критериумите за правилата за котација, се охрабрени доброволно да достават известување за начинот како планираат да го имплементираат кодексот.

Целта на новиот корпоративен кодекс на управување е да се поддржи успешниот развој на локаните компании. ,,Ефикасното управување може да го подобри работењето на компанијата на повеќе начини”, стои во кодексот, наведувајќи ги вештините, разноликоста и искуството на супервизија и менаџирање на членовите на Управниот Одбор, силниот оперативен контролен систем и транспарентните политики, како пример. За прв пат, кодексот воведува принципи и одредби на корпоративна оджливост, како и еколошки и социјални влијанија во работењето.

Иван Штериев, Главен Извршен Директор на Македонска берза изјави: ,,Новиот кодекс на корпоративно управување на Македонската берза не само што ја заменува постоечката регулатива, туку и го редефинира и го зголемува обемот на котираните компании за кои кодексот е наменет, реплицирајќи ги најдобрите меѓународни корпоративни пракси на управување. Кодексот е стратешки чекор за целиот пазар, бидејќи претставува сеопфатно упатство кон добра корпоративна репутација и одржлив долгорочен развој на компаниите. Истиот ќе има позитивни импликации не само за пазарите на капитал во Северна Македонија, туку и за пошироката заедница.”

Нора Алити, Претседател на Комисија за хартии од вредност, додаде: ,,Ефикасни, отпорни и фер пазари на капитал се потпираат на повеќе основи. Еден многу важен сегмент на надградба е доброто корпоративно управување. Новиот кодекс обезбедува широка рамка на добри правила и стандарди кои ги определуваат очекувањата и границите на котираните компании, што ќе резултира во задоволително ниво на објавување на информации, и ќе им овозможи на инвеститорите да бидат информирани пред да донесат одлука. Како регулатори, сигурни сме дека новиот корпоративен кодекс на управување ја има вистинската рамнотежа помеѓу охрабрувачки раст и обезбедување на соодветно ниво на заштита на инвеститорите.”

Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Ни претставува задоволство што ја поддржавме Македонска берза и Комисијата за хартии од вредност во креирањето на новиот кодекс на корпоративно управување. Истиот обезбедува рамка на детални и современи стандарди, кои го промовираат натамошниот развој на пазарите на капитал во Северна Македонија. Би сакале да се заблагодариме на Македонската берза и на Комисијата, за нивната отворена и проакативна соработка, како и на Луксембург за значајната поддршка на оваа иницијатива. ЕБОР ќе продолжи да ги поддржува властите во воспоставување на рамка на известување и мониторинг, поврзана со овој нов кодекс, мотивирајќи ги компаниите да ги градат праксите на управување поврзани со одредбите на кодексот. “

Од 1995 година, Македонска берза претставува транспарентен, сигурен, рентабилен и ефикасен пазар на капитал за акции, услуги на пазарот на капитал, кој ги задоволува потребите на инвеститорите, издавачите на акции и акционерите. Во моментов има 96 котирани компании, со вкупна капитализација на пазарот од над €3,4 милијарди.

Комисијата за хартии од вредност на Северна Македонија е независна и автономна агенција, задолжена за регулирање и супервизијата на пазарот и неговите учесници, истовремено заштитувајќи ги инвеститорите.

Еден од приоритетите на ЕБОР е развојот на домашните пазари на капитал, кои обезбедуваат доверлив извор на финансирање, придонесувајќи за финансиска отпорност и оджлив раст. Целта на ЕБОР е да се зајакнат локалните пазари на капитал и да се охрабри користењето домашната валута во земјите каде инвестира. Во своето работење, ЕБОР комбинира инвестиции со политики на ангажираност и советодавни услуги кои помагаат во испорака на успешни реформи.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над € 2,14 милијарди во повеќе од 148 проекти во земјата.