Донација од Италија, 250.000 вакцини од Фајзер за Македонија

Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со амбасадорот на Р. Италија, Андреа Силвестри и Артур Ајвазов од канцеларијата на УНИЦЕФ, синоќа присуствуваа на примопредавањето на првиот дел од директната помош од Р. Италија која се состои од 250 илјади дози на вакцината против Ковид 19 од производителот Фајзер.

„Изразувам голема благодарност до италијанската влада за поддршката во борбата против ковид што претставува наш заеднички предизвик. Оваа пратка вакцини е дистрибуирана на Институтот за трансфузиологија, додека вториот дел пристигнува за два дена“ рече мини министерот Сали при примопредавањето.

Министерот за здравство Беким Сали се заблагодари за донацијата на италијанската влада и им порача на граѓаните дека Министерството за здравство во континуитет се грижи да имаме доволен број на вакцини.

Тој посака оваа акција од Министерството за здравство, за примање на прва, втора, но и трета доза вакцина да биде општо прифатена од страна на нашите жители, затоа што како што рече, единствениот начин за заштита против Ковид-19 во моментов е вакцинацијата.