17.11.2024.

Започна реконструкцијата на студентските домови Стив Наумов и Кузман Јосифовски-Питу

Студентите повеќе нема да живеат во нехумани и лоши услови. 17 милиони евра од кои 4,7 се грант – ќе чини реконструкциијата на студентските домови Стив Наумов и Кузман Јосифовслки Питу – соопшти министерката за образование Весна Јаневска. Домовите ќе бидат готови за околу 18 месеци, и студентите конечно ќе живеат во современи стандарди.

,,Активностите за реконструкција на студентските домови се во тек. Се реализираат во Кузман Јосифовски Питу и Стив Наумов во Скопје и во нив се вложуваат 17 милиони евра. За 18 месеци ќе станат современи, енергетски ефикасни и ќе понудат услови и стандарди какви што треба да има и какви што студентите заслужуваат,, истакна Јаневска

Младите задоволни од реформите кои се спроведуваат за унапредување на стандардите на студентите, истовремено преземени се  мерки со кои на студентите кои не успеале да се сместат во студентските домови им се нудат дополнителни услови и поволности за сместување.

,,Студентите кои нема да можат да се сместат во студентските домови поради реконструкција од страна на МОН се обезбедени дополнителни легла во ученичките домови во градовите и константно комуницираме со студентите кои се одбиени им овозможуваме да бидат сместени во студентски домови,, изјави Николовски.

Владата како и министерството за образование ја имаат целосната поддршка од Европската Унија и ова е важен чекор кој го превземаат македонските власти за унапредување и развој на инфраструктурни проекти, како и подобрување на условите за престој на студентите, нагласија Стефан Худолин и Клаус Милер шефот за соработка на Делегацијата на Европската Унија во Македонија и претставникот на германската развојна банка.

,,Европската Унија продолжува со својата посветеност за одржување на економската ефиканост во Македонија. Сретства за овај процес се дел од агендата за обезбедување на услови за современ и квалитетен живот на македонските студенти,, нагласи Стефан Худолин

,,Овој проект има навистина огромно влијание бидејќи студентските домови ќе спречат испуштање на големи емисии на штетни честички. Тоа ќе има значително влијание кое ќе ја подобри состојбата со наглите климатски услови,, кажа Милер

Според Јаневска, до крајот на мандатот се очекува да бидат реконструирани уште  7 студентски домови, вклучително и тие надвор од Скопје за што се предвидени околу 25 милиони евра.