Соларната централа финансирана од ЕБОР и донаторите започнува со работа

Првата голема соларна централа во Северна Македонија , финансирана со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и билатерналните донатори од Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ), е поврзани со мрежата на електрична енергија во земјата, и произведува чиста енергија, пишува во соопштението на ЕБОР.

Соларната централа од 10MW е изградена на место на затворениот рудник за јаглен Осломеј, а беше изградена од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), компанија за производство на електрична енергија во државна сопственост. Ова е првата соларна централа во Северна Македонија, изградена со цел да ги диверзифицира изворите на енергија и да ја поддржи декарбонизацијата. Се очекува да произведува скоро 15 GWh електрична енергија и да замени 12.177 тони на јаглероден диоксид на годишно ниво.

ЕБОР ја поддржа оваа инвестиција со кредит во износ од ЕУР 5,9 милиони, додека билатералните донатори од Инвестициската програма за Западен Балкан обезбедија дополнителни ЕУР 1,6 милиони грант. Вкупната вредност на проектот е ЕУР 8,7 милиони.

Анди Аранитаси, Претставник за Северна Македонија, ЕБОР изјави: ,,Новата соларна централа ќе и помогне на земјата, која има сериозно загадување на воздухот заради искористувањето на јагленот, да ја намали зависноста на застарената инфраструктура на согорување на овој енергенс. Осломеј ќе генерира евтина електрична енергија во овој период, кога цената на електричната енергија има многу висока пазарна вредност. Горди сме на ова постигнување и расположени сме да ја продолжиме нашата работа со властите на земјата, во промовирање на натамошната декарбонизација во Северна Македонија.”

Новата соларна централа има капацитетот од една десетина од стариот капацитет на јаглен, а ЕБОР работи со ЕСМ во инвестирање на дополнителни соларни централи. Банката одобри и финансирање за проширување на постоечкиот капацитет во Осломеј, како и за изградба на нова централа во Битола, со вкупен комбиниран капацитет од 30MW.  Европската Унија ја поддржува оваа инвестиција со ЕУР 5,1 милиони инвестициски грант.

Џулијан Васало, Заменик Претставник, Делегација на Европска Унија Скопје изјави: ,,Транзицијата на Северна Македонија од земја која зависи од јаглен започнува денес, со правење на чекор кон имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан, во линија со Европскиот зелен договор. Првата фаза од инвестирањето во 10MW соларни фотоволтаици во Осломеј е прва инвестиција во обновливи извори на енергија. Користењето на соларна енергија за да се создаде чиста енергија носи повеќекратни бенефити во животите на луѓето, преку намалување на загадувањето, истовремено зајакнувајќи ја енергетската безбедност во земјата.“

Покрај финансиската поддршка, банката работи со властите во Северна Македонија, во справување со импликациите за нееднаквоста во транзицијата на енергијата и во идентификување на можностите за економска диверзификација во оваа област, вклучувајќи реорганизација и надградба на вештините. ЕБОР ќе и помогне на земјата да изврши дијагностика и инклузивен дијалог на политиките на праведна транзиција кон обновливи извори на енергија. Ваквите проекти се очекува да бидат значаен пример за поширокиот регион на Западен Балкан, кој се соочува со слични предизвици и бара зелена, инклузивна и праведна секторска транзиција.

Инвестициската програма за Западен Балкан, и Италија ја поддржа инвестицијата финансирајќи ја проценка на техничката изводливост на проектот.

Инвестициската програма за Западен Балкан го поддржува општествено-економскиот развој и пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, преку обезбедување на финансии и техничка помош за стратешките инвестиции. Ова е заедничката иницијатива на Европската Унија, финансиските институции, билатералните донатори и владите на државите на Западен Балкан. До денес, најголемата поединечна поддршка е дадена од страна на Норвешка, Шведска, Австрија, Германија, Италија и Велика Британија.

Соларната централа Осломеј 1 е еден од 21-те главни проекти во регионот на Западен Балкан, избран за поддршка од страна на ЕУ во 2022 година преку Инвестициската програма за Западен Балкан. Проектот е означен како Клучен проект 4-Обновлива енергија во Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан за периодот 2021-2027 година.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над ЕУР 2,2 милијарди во 159 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, Поддршката на зелената енергија е приоритет на банката, бидејќи помага во справување на еден од најголемите предизвици со кои земјата се соочува.