Развој на НПАА платформа за поддршка на процесот на пристапување во ЕУ

Со поддршка на проектот, започна изработката на интегрирана платформа за Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА) која треба да понуди дигитална поддршка во процесот на пристапување во Европската Унија. Работата на развој на НПАА платформа е доделен на компанијата за развој на софтверски решенија Некстсенс. Развојот на платформата, која е составена од шест модули, започна во септември 2021, а се очекува да заврши до септември 2022.

За време на посетата на компанијата, заменик амбасадорот на кралството Норвешка, Геир Хакон Јохансен беше запознаен со техничките спецификации и користа од развојот на платформата. НПАА платформата ќе овозможи структуриран мониторинг на различните аспекти на процесот на интеграција во ЕУ, вклучително и детален преглед на преводот, транспонирањето и хармонизацијата на законодавството, мониторинг на трошењето на поддршката од донациите, поврзување помеѓу владините институции, а исто така ќе овозможи и оптимизирање на подготвувањето на документи поврзани со процесот на пристапување во ЕУ во согласност со новата методологија. Се очекува платформата значително да ја подобри ефикасноста на секојдневната работа на Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и сите останати владини тела вклучени во процесот на преговори.
За да се обезбеди квалитетна изработка на софтверските решенија во согласност со потребите на СЕП, се формираа работни групи за секој модул составен од претставници на СЕП и на компанијата. Крајното решение на платформата ќе биде во согланост со новата методологија за преговори и ќе ги замени сите постојни технички платформи и системи кои се користат во СЕП како поддршка на разните сегменти на процесот на интеграција во ЕУ.
Клучниот документ кој ја дефинира европската агенда на земјата е усвојување на правото на Европската Унија е Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА). Развојот на НПАА 2021-2025, исто така беше поддржан од страна на експерти од проектот, а финалната верзија на документот беше усвоена на 83та седница на Владата оддржана на 29 јуни 2021. Имплементацијата на НПАА 2021-2025 ќе биде значително поддржана од интегрираната НПАА платформа која ги задоволува функционалните и правните барања на Европската интеграција и на процесот на преговори.