20.11.2021.

НАЕОПМ: Предвидени 2.540.686 евра за унапредување на образованието

Одржана првата презентација за Клучна акција 2, предвидени близу 2,540,686.00 евра за унапредување на образованието

Проектите ги оценуваат надворешни евалуатори следејќи строги критериуми за квалитет

Денеска во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на првата онлајн презентација, покрај близу 100те учесници, активно учество имаше директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, а свое обраќање имаше и Заменикот на Претседателот за борба против корупција, криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Презентациите од клучната акција 2, се однесуваат на соработка помеѓу организации и институции.

Оваа клучна акција е комбинација на децентрализирани проекти спроведени од Национални агенции и централизирани активности менаџирани од страна на Извршната агенција на Европската комисија.

“Средствата предвидени за Клучна акција 2 изнесуваат близу 2,540,686.00 евра, а моја одговорност и лична заложба е да воспоставиме редовна комуникација со јавноста и да го прикажеме јасно начинот на кој работи оваа институција- изјави директорот на НАЕОПМ, Ѓоргиевски

Покрај можностите кои ги нуди К2, на оваа презентација, директорот на НАЕОПМ и ЗПВ зборуваа за важноста од транспарентен начин на доделување грантови од Програмата Еразмус+, која оваа година е со историски највисок буџет од 28,4 милијарди евра на европско ниво и предвидува повеќе од 10 милиони учесници.

Евалуационата комисија го утврдува целиод процес од аплицирање преку техничка документација и квалитативна проверка дали е согласно утврдената постапка од Европската комисија.

“Важно е да се ипочитуваат утврдените приницпи, правила и процедури поставени од страна на Европската комисија, во однос на спроведување на грантирањето на проектите од Програмата Еразмус +.

Фактот што Северна Македонија е програмска земја, со себе носи дополнителна одговорност за Агенцијата, но искрено верувам дека сите процедури ќе бидат доследно испочитувани, преку транспарентна евалуација на проектите и правична распредебла на средствата од Програмата“- изјави ЗПВ, Николовски

Презентациите за К2 продолжуваат и во наредните денови( 20,21,22 април 2021 година) од 11.часот во 13.часот, рокот за аплицирање е до 20 мај