Horizontal Facility - Вести

Поддршка на Министерството за правда на Северна Македонија во процесот на доделување грантови за бесплатна правна помош на граѓански организации и на правни клиники

Законот за бесплатна правна помош (ЗБПП), донесен во 2019г. постави правна основа за давање на финансиска поддршка на овластени здруженија и на правни клиники.  Целта на оваа новина е да се осигурат одржливи финансиски средства за бесплатна правна помош, обезбедени од Министерството за правда,  за давателите на бесплатни правна помош како и поддршка за посеопфатен пристап кога станува збор за вклучувањето на граѓанските организации во унапредувањето на услугите за бесплатна правна помош во Северна Македонија.  

Заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа, Хоризонтален инструмент II,  во тесна соработка со Министерството за правда на Северна Македонија, со цел да ги третира постојните предизвици кои го спречуваат успешното завршување на оваа постапка, на 18 јануари 2022г. организираше обука насочена кон зајакнување на знаењата, вештините и професионализмот на вработените во Министерството за правда во процесот на спроведување на постапката за доделување грантови на граѓански здруженија и на правни клиники овластени да даваат услуги за бесплатна правна помош.

Исто така, консултанти на Совет на Европа изготвија “Упатства за постапката за доделување финансиски средства на овластените здруженија и правните клиники за давање на примарна правна помош”, со цел да ги користи Одделението за бесплатна правна помош во рамките на Министерството за правда кога објавува и спроведува постапка за јавен повик за финансиска поддршка на овластени здруженија и правни клиники. Во Упатствата се објаснети и елаборирани правните одредби, принципи и критериуми дадени во ЗБПП и нуди практични упатства кои лесно се следат и алатки за интерните процедури за давање бесплатна правна помош од страна на Министерството за правда.  

Обуката и изготвените упатства ќе бидат од огромна важност и корист за вработените во Министерството за правда одговорни за спроведување на постапката за доделување грантови на граѓански здруженија и правни клиники.  

Активноста ја организира проектот  “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” кој е дел од заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа, “Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022”.